Економија ЕУ

Европските берзи сѐ уште се под притисок

На европските берзи во петокот претпладнето цените на акциите значително паднаа втор ден по ред, бидејќи стравувањата на инвеститорите од ескалација на царинската војна и ризикот од рецесија не ги смируваат пазарите.

Европските берзи сѐ уште се под притисок

На европските берзи во петокот претпладнето цените на акциите значително паднаа втор ден по ред, бидејќи стравувањата на инвеститорите од ескалација на царинската војна и ризикот од рецесија не ги смируваат пазарите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,9 отсто во првиот дневен пресен од тргувањето и е на пат да оствари седмична загуба од 4,4 отсто. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,50 отсто, на 8.430 поени, додека франкфуртски DAX падна за 0,69 отсто, на 21.567 поени, а париски CAC 0,68 отсто, на 7.547 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за повеќе од 1 процент во истиот временски пресек како и во Европа. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei потона за 2,75 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 0,9 и 2,4 отсто. Кинеските берзи се затворени поради празници.

Светските берзи успеваат да се приират откако вчера ги потресе одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе реципрочни царини повисоки од очекуваните. Од 5 април речиси целиот увоз во САД ќе подлежи на царина од 10 отсто, а од 9 април ќе се применуваат дополнителни царини за увозот од земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит.

Бидејќи многу земји, вклучително и Кина и Европската унија, најавија противмерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, што може да предизвика пораст на инфлацијата и забавување на растот на најголемите економии, па дури и рецесија.

Кога ќе почнат да се применуваат новите царин, ефективната царинска стапка ќе достигне, пресметуваат аналитичарите, 22 отсто, што не е забележано од 1910 година.

„Ако царините останат на овие нивоа, рецесија во некои економии е многу можна во вториот или третиот квартал. Во тој случај, на пазарите на капитал истовремено би завладеале ‘мечките’“, вели Дејвид Бансен, директор во компанијата „Bahnsen Group“.

На Волстрит, берзанските индекси вчера го забележаа најголемиот дневен пад од 2020 година, при што S&P 500 му се придружи на Nasdaq на територијата на корекција, паѓајќи за повеќе од 10 отсто од претходниот рекорд постигнат во февруари.

Доколку индексите паднат за повеќе од 20 отсто под рекордното ниво, тоа би било „мечкин пазар“.

To top