„Буџетот на Република Македонија за 2025 година е конципиран во контекст на економскиот раст, финансиската стабилност и реализацијата на стратешки приоритети на Владата. Во него се предвидени средства за инвестирање во инфраструктура, образование, здравство, социјална заштита и безбедност“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Катерина Димитровска на денешната собраниска комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година.
Димитровска продолжи и додаде:
„Буџетот за 2025 година предвидува значителни придобивки за граѓаните, особено во областите на здравството, образованието и социјалната заштита. Во овие сектори се планира да се обезбедат подобри услови за живот и пристап до услуги“, рече Димитровска.
Димитровска истакна дека клучни аспекти во предлог-буџетот се зголемувањето на платите.
„Еден од клучните аспекти на буџетот е зголемувањето на платите за вработените во јавниот сектор. Повисоки плати за наставниците, здравствените работници, полицијата и војската, како дел од мерките за унапредување на јавната администрација“, вели Димитровска.
Димитровска укажа дека буџетот за 2025 година носи позитивни измени за развојот на земјата.
„Буџетот за 2025 година на Република Македонија носи позитивни измени за развојот на земјата, со акцент на повисоки плати за јавниот сектор, значителни инвестиции во инфраструктура и подобрување на јавните услуги во образованието и здравството. Ова ќе има долгорочен ефект на економскиот раст и благосостојбата на граѓаните“, децидна е Димитровска.