Министерот за економија Крешник Бектеши денеска порача дека нема да има поскапи фактури за струја за домаќинствата од 1 јануари.
Во однос на побарувањето на енергетските компании, Бектеши вели дека тие можат да побараат и 500% во делот на трошоците кои ги пријавуваат, но Регулаторната Комисија за енергетика ќе има одлука колку од тие трошоци ќе ги прифати.
„27% не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, тие нема да бидат прифатени и затоа наведов дека цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари во спротивно ќе има дополнителна можност со евтината тарифа да бидат намалени“, вели Бектеши.