Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални (47), почина, јавија странските медиуми. Алексеј Навални со години бил познат како револуционерна личност во Русија. Овој политичар бил отворен критичар против корупцијата во Русија. Се кандидирал за претседател на Русија во 2016 година и се обидел повторно да се кандидира во 2018 година.
Во тоа не успеал, а веста за неговата смрт ја потресла цела Русија. Навални почина во затворот, соопштил Регионалниот оддел за поправни служби.
Во 2020 година, неговата сопруга Јулија добила повик дека е отруен. Неговиот живот два дена бил во опасност. Лекарите не биле сигурни дали ќе преживее.
View this post on Instagram
Руските независни медиуми, неколкуте што останале, ја споредуваат со поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, додека поддржувачите сега се прашуваат дали таа еден ден ќе го води опозициското движење во земјата.
Јулија Навални дејствувала решително и брзо кога нејзиниот сопруг бил отруен – што веројатно му го спаси животот – и собрала голема и моќна поддршка, како во Русија, така и во странство.
Таа одржала прес-конференција пред болницата, велејќи им на новинарите како верува дека нејзиниот сопруг ќе биде во смртна опасност доколку остане во Русија. „Докторите овде одбиваат да го евакуираат во Германија, веројатно под притисок на руската тајна служба“, зборувала своевремено таа.
View this post on Instagram
„Тоа го прават за да исчезнат сите траги од хемиските супстанции од системот на Алексеј“, зборувала, криејќи ги емоциите зад црните очила.
„Тој не е во добра состојба, не веруваме на болницата и сакаме да ни го препуштат нам“, порачала тогаш.
Во тие тешки мигови, според vanityfair.com, Јулија била откровение. Граѓаните на Русија во живо гледале како го преживува најлошиот период во животот. Била силна и не потклекнала на притисокот. Таа, исто така, упатила и јавно писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Во кое барала од него да го пренесе нејзиниот сопруг во Германија.
Путин подоцна изјавил дека штом го примил писмото на Јулија „веднаш наредил“ Навални да биде отпуштен. Кремљ упорно негирал каква било вмешаност во труењето на Навални.
Јулија и комираниот Навални набрзо биле пренесени во Берлин, заедно со доказите собрани од неговата хотелска соба, кои подоцна се покажале како клучни докази дека Навални бил отруен со новичок, хемиско оружје развиено од Советскиот Сојуз.
View this post on Instagram
„Јулија, ти ме спаси“, напишал Навални на „Instagram“, кога се разбудил од кома во берлинската болница.
Казната ја отслужил во регионот Јанало-Ненец на крајниот север на Русија. Во текот на сите години кога се борел на домашната политичка сцена, голема поддршка му била сопругата Јулија Навални (моминско Абросимова).
Парот се запознал кога Јулија, московјанка и ќерка на научник, дипломирала на економскиот универзитет Плеханов, каде студирала меѓународни односи. Парот се сретнал на плажа во Турција и живеел во стан во Москва сè до кобното труење во 2020 година. Тоа била љубов на прв поглед. Идниот кандидат за претседател на Русија во тоа време работел само како адвокат.
„Веднаш почувствува дека јас ќе бидам негова сопруга“, изјавила таа на новинарката Џулија Џоф во јули 2021 година.
Парот се венчал во 2000 година, недолго откако Алексеј започнал со своите политички активности. Таа се однесувала не само како негова сопруга, туку и како помошничка и секретарка.
Како што Алексеј растел како активист и на крајот политичар, Јулија станала поотворена и му се придружила на предизборните настани и во повеќе наврати зборувала во негова корист, на пример кога еден од неговите противници, Виктор Золотов, го предизвикал на дуел, таа споделила силна порака.
„Единственото чувство што го имам кон Золотов е презир. Го презирам како крадец и кукавица“, напишала таа на „Instagram“, пренесува „Meduza“.
„Тој е кукавица бидејќи никогаш не одговори на ниту едно од обвинувањата за корупција изнесени од ФБК и поткрепени со цврсти докази“.
Пред труењето, најпознатиот јавен настап на Јулија Навални бил кога говорела на неговиот митинг кога тој бил кандидат за градоначалник на Москва во 2013 година.
View this post on Instagram
„Во Русија не ги гледаме сопругите на политичарите на протести, но политиката влегува во нашите животи сакале или не“, зборувала таа тогаш.
Откако нејзиниот сопруг бил во затвор, а подоцна и отруен, Јулија станала јавна личност. Додека Алексеј бил хоспитализиран во 2020 година, таа редовно споделувала ажурирања и им се заблагодарувала на неговите поддржувачи на нејзиниот „Instagram“ профил.
Семејството Навални и власта
Политиката жестоко навлегла во животите на семејството Навални. Во 2014 година Алексеј Навални за малку не добил три и пол години затвор под обвинение за проневера, за која се тврдело дека е измислена (судот во Москва го осудил на три и пол години затвор поради кршење на условната токму во тој случај).
Братот на Навални, Олег, тогаш бил затворен додека Навални добил условна казна. Многумина верувале дека тоа е направено со цел Навални да не добие поголема поддршка од јавноста.
View this post on Instagram
Навални бил со недели во притвор поради учество во протестите против власта, а во 2017 година му фрлиле антисептик во лицето, поради што го изгубил видот на едното око. Семејството Навални е следено со години.
И Јулија Навални била отруена додека била на одмор во Калининград. Се покажало дека тројца агенти на тајната служба на ФБС истовремено биле во градот, а безбедносните камери во хотелот мистериозно престанале да работат во текот на престојот на семејството Навални.
На Јулија Навални ѝ се слошило на 6 јули. Симптомите биле замор и дезориентација.
Јулија закрепнала, а точната причина за нејзината болест никогаш не била откриена. Експертите за CNN изјавиле дека таквите симптоми се знак за благо труење, а Навални подоцна изјавил дека неговите симптоми кога бил отруен со новичок биле „потполно исти“.
View this post on Instagram
Прогласена била за една од највлијателните жени во Русија
Покрај сета нејзина јавна поддршка и гласно излагање против руската корупција, Јулија станала истакната фигура во опозициската партија. Таа инспирирала толку многу луѓе да зборуваат против власта и го добила прекарот „Прва дама“ на опозициската партија.
Ја искористила својата платформа да ги охрабри луѓето и споделила увид за тоа како нејзиниот активизам влијаел на нејзиното семејство, а тие сепак остануваат непоколебливи.
„Не се плашам и ве повикувам сите вас да не се плашите“, рекла таа за време на говорот во јануари 2021 година“, пренесува „NBC News“
Јулија Навални во март 2023 година примила Оскар во името на својот сопруг, кој го освоил за најдобриот долгометражен филм.
Јулија била поканета да зборува. „Мојот сопруг е во затвор само затоа што ја зборуваше вистината. Мојот сопруг е во затвор само затоа што ја брани демократијата“, говорела.
Потоа се обратила на својот сопруг. „Алексеј, сонувам за денот кога ќе бидеш слободен и кога нашата земја ќе биде слободна. Остани силен, љубов моја“, додала таа.