Вести

Алегри со предупредување до фудбалерите на Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги повика своите играчи да го променат својот менталитет и да го зголемат фокусот со оглед на серијата од четири натпревари без победа на тимот. Тој воедно ги предупреди своите играчи дека се уште не е сигурен пласманот на „бјанконерите“ за следното издание на Лигата на шампионите.

Алегри со предупредување до фудбалерите на Јувентус

-Мораме брзо да се вратиме на она што бевме пред негативниот период, особено во однос на менталитетот и фокусот. Не треба да се опуштаме, бидејќи пласманот во Лигата на шампионите се уште не е загарантиран, им рекол Алегри на своите играчи пред вчерашниот тренинг на тимот, пренесе „Газета дело спорт“.

Јувентус моментално е втор во Серија „А“, со 9 бода помалку од лидерот Интер, кој исто така има натпревар помалку, но и 9 бодови пред четвртопласираната Аталанта и петтопласираната Болоња.

Следниот натпревар на Старата дама е дома против Фросиноне во недела.

Најнови вести од Вести

To top