Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат достигнувањата и иднината на Повелбата како и актуелните состојби во Западен Балкан.
Во иницијативата, покрај Северна Македонија, земји – членки се и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, додека Косово, Словенија и Србија имаат статус на земји-набљудувачи. Посебна политичка тежина на иницијатива дава членството на нашиот стратешки партнер, САД.
Согласно воспоставениот принцип на ротација, во 2024 година претседавањето со САД-Јадранската Повелба ќе го преземе Република Албанија.
Пред состанок на Партнерската комисија заедничка прес – конференција ќе одржат шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговиот албански колега Игли Хасани.