Македонскиот фудбалер Александар Трајковски го постигна првенецот во дресот на Хајдук од Сплит и донесе победа против Рудеш (1-0).
По тешката победа во ХНЛ-лигата, нашиот репрезентативец истакна дека се радува на постигнатиот гол и сака уште повеќе во мечевите кои следат.
„Најважно е што го добивме натпреварот и со три бода си заминуваме дома. Мора да продолжиме во ритам и да освојуваме бодови, тоа ми е најважно. Среќен сум што го дадов првиот гол за овој клуб и сакам да давам уште многу погодоци. Најважно е што го издржавме притисокот со Рудеш, во следните натпревари мора да реагираме подобро“, изјави Трајковски.