Францускиот репрезентативец Елохим Пранди беше еден од хероите на репрезентацијата на финалниот викенд на Европското првенство. Најпрво го постигна голот за реми против Шведска со кој беа изборени продолженија, а потоа против Данска го постигна голот што им гарантираше триумф и злато.
Но неговата кариера пред две години беше во опасност да биде завршена. Левиот бек на ПСЖ во јануари 2022 година бил избоден со нож на сред улица. Нападот се случил на новогодишната ноќ, на улица недалеку од Шанзелизе. Пранди бил прободен со нож во градите, во близина на белите дробови и слезината.
Тогаш Пранди го пропушти ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, но по неколку месеци беше спремен да се врати на терените и ништо не можеше да го скрши неговиот оптимизам.
Ако некој може да изведе таков удар како против Шведска, тоа е Пранди. Во таква ситуација има малкумина кои веруваат во тоа, да ја земат топката во раце и да кажат – ок, ќе го направам тоа и ќе погодам. Тој го има духот. Имаше проблеми надвор од теренот во минатото, но имаме големи надежи со него, кажа селекторот Гијом Жил за „Билд“
Во финалето на ЕП, кое Франција го доби со 33-31, Пранди беше стрелец на голот за 32-30 на триесетина секунди до крајот и го потврди триумфот.