Тренерот на Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски нема да може да смета на Ненад Костевски и Павле Атанасијевиќ, кои се здобија со повреди на последниот натпревар од елитниот ранг.
Двајцата сигурно нема да настапат на следниот меч против Тиквеш, а особено загрижувачка е ситуацијата со Костески кој според информациите го скинал предниот вкрстен лигамент и ќе мора да замине на хируршка интервенција.
Ова значи дека Костески го очекува подолг рехабилитационен процес и оваа сезона е завршена. Надежта на ракометните љубители е дека ќе заздрави за следната сезона и за Светското првенство.
Кај Атанасијевиќ била констатирана фрактура на носната коска и се очекува да се врати на терените за две до три недели.