Ракомет

Костески: Со нови сили одиме против Катар, за победа

Костески смета дека Македонија против Катар има шанси за триумф.

Костески: Со нови сили одиме против Катар, за победа

Македонскиот ракометар Ненад Костески денешниот наторевар против Австрија го нарече драматичен, но како таков и го очекувале.

-Знаевме со каква репрезентација имаме работа, сериозна репрезентација. Но ете на крај, фала му на Бога, заслужено ако не победа барем извлековме нерешено и ова го гледаме исто како победа. Среќни сме сите, рече тој.

Костески смета дека Македонија против Катар има шанси за триумф.

-Треба да ги анализираме, да се спремиме најбрзо што можеме затоа што немаме доволно време. Ќе гледаме да се спремиме нјдобро што можеме и да победиме на тој натпревар. Зачувавме дел од силите, имаме уште многу да дадеме и се надевам со нови сили одиме на следниот натпревар и со победа, рече тој

To top