Ракомет

Започнува 52-то издание на Струшкиот ракометен турнир

Започнува 52-то издание на Струшкиот ракометен турнир

Ракометните тимови на  Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“во овој град.

Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.

На вториот ракометен ден, Струга ќе се соочи со грчки Паок, по што ќе следува натпреварот меѓу Тиквеш и Екскилстуна Гуиф. На 16 август во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок.

Последниот ракометен ден ќе почне во 10.30 часот со мечот за петто место, додека натпреварот за трето место е закажан за 18:30, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот.

To top