Ракомет

Започна продажбата на билети за дербито РК Вардар – Еурофарм Пелистер

Започна продажбата на билети за дербито РК Вардар – Еурофарм Пелистер

Второто плеј-оф дерби на најголемите ривали во ракометната Суперлига на Македонија се игра во вторник на деветти април, во терминот од 18:00 часот.

Вардар 1961 вторпат сезонава ќе го дочека Еурофарм Пелистер, овојпат во дуел со поголем влог.

На шест дена пред натпреварот, „црвено-црните“ го објавија почетокот на продажбата на билетите.

Вардар ќе продава карти по цените од 200, 250 и 350 денари за долните блокови во салата. Тимот покрај физичката продажба преку мрежата на „Купи карти за се“, објави и онлајн продажба.

To top