Ракомет

Волф со 23 одбрани ја водеше Германија до триумф над Норвешка

Волф со 23 одбрани ја водеше Германија до триумф над Норвешка

Ракометната репрезентација на Германија ја совлада Норвешка со 30-28 (15-17) во клучна битка од главната фаза на Европското првенство. Германците со овој триумф се вратија на водечката позиција во групата.

Вистински и најголем херој на натпреварот беше голманот Андреас Волф. Искусниот голман беше навистина неверојатен и натпреварот го заврши со луди 23 интервенции.

Марко Гргиќ кој даде седум погодоци и ги поведе своите соиграчи до победата.

Во таборот на Норвешка по пет реализации имаа Сагосен, Педерсен и Гуликсен.

To top