Ракомет сп ракомет

Волф џабе до 21 одбрана, бајката на Португалија уште живее на СП!

Португалија ја продолжи бајката на Светското првенство (СП) во ракомет. Во четвртфиналето по голема драма и продолжение тимот славеше над Германија по продолжение (26-26, 31-30) и така договори полуфинале против Данска.

Волф џабе до 21 одбрана, бајката на Португалија уште живее на СП!

Португалија ја продолжи бајката на Светското првенство (СП) во ракомет. Во четвртфиналето по голема драма и продолжение тимот славеше над Германија по продолжение (26-26, 31-30) и така договори полуфинале против Данска.

Португалците имаа водство контрола на натпреварот се до десет минути пред крајот, кога нивната концепција се распадна. Шест минути без постигнат гол, како и разиграниот Кнор и Волф кој бранеше на голот, донесоа Германија да го сврти мечот на 19-20 и следеше драма до финишот.

Иако Португалија имаше во еден момент и две исклучувања, се држеше во игра со „панцерите“ кои беа во налет. Беше и 19-21, потоа 20-22, ама голманот Капдевила влезе во ритам на спротивната страна, па донесе напади за својата селекција кои се претворија во гол и Португалија израмни на 22-22.

Оттогаш па до финишот мечот во Норвешка беше игра на нерви. Во последната минута се влезе со 25-26 за Германија, Волф му фати шут на Кошта, но сепак, Португалците се исправија и израмнија на 26-26. Имаше уште 22 секунди до крајот, Германија тргна со „седум на шест“, ама не ја проби одбраната и не дојде во позиција за шут, па следеа продолженија.

И таму се играше доста динамично, гол за гол. Волф беше во прв план, дојде до бројката од 21 интервенција, но во последниот напад Мартин Кошта даде златен гол и ја продолжи бајката на тимот на ова Светско првенство каде Португалија за првпат е во оваа фаза.

Франциско Кошта беше најдобар кај Португалија кај стрелците со осум гола, пред Виктор Итуриза со седум гола, а кај Германија, Лукас Зербе имаше 9/9, а Јури Кнор даде седум погодока.

To top