Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар ја прекина победничката низа од 14 натпревари откако беше совладан од шведскиот Кристијанштад.
Вардарци пропуштија шанса уште во вторникот да го потврди пласманот во разликувањето во Европската лига.
Сега тоа црвено-црните ќе може да го сторат во следниот натпревар и тоа на домашен терен.
Во вторник (11 ноември) вардарци повторно ќе играат против Кристијаншад.
Картите за овој натпревар што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 18.45 часот веќе се во продажба по цена од 200 и 300 денари.
Картите се продаваат и на билетарницата пред влезот на салата, секој работен ден од 10:00-18:00ч, а во вторник до самиот почеток на натпреварот. Воедно може да ги купите и онлајн на следниот линк (овде