Ракомет младински категории

Владо Недановски со нова функција во Вардар

Поранешниот играч на „црвено-црните“ кој со екипата освои и две европски шампионски титули во Келн и претходните неколку сезони беше и прв тренер, сега ќе биде на место каде ќе има целосна посветеност во работата со младите играчи.

Владо Недановски со нова функција во Вардар

Владо Недановски во иднина ќе има нова функција во екипата, и ќе биде задолжен за функционирање на сите младински категории на клубот, објави РК Вардар.

Поранешниот играч на „црвено-црните“ кој со екипата освои и две европски шампионски титули во Келн и претходните неколку сезони беше и прв тренер, сега ќе биде на место каде ќе има целосна посветеност во работата со младите играчи.

Вардар веќе има одлична пионерска екипа на ракометари родени 2010 и помлади која есенскиот дел на сезоната го заврши доминантно, и со максимален број бодови и постигнати голови, а така ќе се продолжи и со другите категории. Кадетите и младинците се исто така во системот на натпреварување.

Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари.

Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим.

To top