Ракомет

ВИДЕО: Од фудбалски стадион до ракометна арена, еве како се трансформираше „Меркур Шпил-Арената“

ЕХФ објави кратко видео во кое се гледа забрзано како еден фудбалски терен се претвора во ракометен, со дополнителни трибини.

ВИДЕО: Од фудбалски стадион до ракометна арена, еве како се трансформираше „Меркур Шпил-Арената“

Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Меркур Шпил-Арена“ во Дизелдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.

-Сите сме шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Преубава е атмосфера и покрај тоа што арената е празна, едвај чекаме да ја видиме и полна. Сè е супер и едвај чекаме да започне натпреварот со Франција, изјави Кизиќ.

ЕХФ објави кратко видео во кое се гледа забрзано како еден фудбалски терен се претвора во ракометен, со дополнителни трибини.

To top