Ракометарите на Вардар ја прекинаа низата од 14 поебеди едно подруго. Ова откако вечерва вардарци се поразени од шведскиот Кристијанштад.
Во натпревар од 3.коло на на Е групата во Европската лига, Вардар загуби на гостувањето кај Кристијаншад со 32-31.
По водството на вардарци од 2-3, домашните ракометари врзаа четири гола во низа и поведоа со 6-3.
Тешко одеше реализацијата на вардарци во нападот, а противникот со брзата игра, во 23.минута дојде до четири голови разлика (12-8). На полувремето Кристијанштад замина со три позитива 14-11.
По пет минути игра во вториот дел, Вардар успеа да ја надополни негативата и да израмни на 16-16. Имаше макеоднскиот вицепрвак уште две израмнувања (18-18 и 19-19), но шведскиот тим повторно замина на +3 разлика.
Сепак Вардар не се предаде, напротив успеа да ја анулира негативата и на три минути до крајот да поведе со 29-30. Во последната минута при нерешен резултат 31-31 вардарци не реализираа напад, а во последниот погоди Алакс Мансон за голема радост и победа на Кристијанштад со 32-31.
Токму Мансон со 12 голови беше најефикасниот играч на натпреварот, а за Вардар, Дмитро Хориха постигна 8. Бадијала останаа 18 одбрани на расположениот вардаров голман Милош Шалах.
Со оваа победа Кристијаншад го презеде првото место на табелата со пет бодови, еден повеќе од Вардар. Следува хрватскиот Сесвете со 3 и Тулуз кој сеуште е на нула (0).
И во следната рунда Вардар и Кристијанштад ќе играат меѓусебно. Натпреварот во Скопје е закажан за следната среда (18 ноември).