Ракометарите на Вардар беа поуспешни од домаќинот Алкалоид совладувајќи го со 27:23 и со оваа победа “црвено-црните” и натаму остануваат во трката за највисок пласман.
Вардар доминираше во текот на целиот натпревар, а на моменти предноста изнесуваше и осум гола, но во финишот Алкалоид успеа да го намали водството и да се избори за поднослив пораз од четири гола разлика.
Најефикасен во победничкиот тим беше Марко Срдановиќ со седум гола по четири постигнаа Матија Николиќ и Косике Јасухира, а голманот Мартин Томовски забележа 15 одбрани.
Во составот на Алкалоид прв стрелец со осум погодоци беше Мартин Серафимов.