Ракомет

РК Вардар направи голем исчекор кон титулата совладан е Е.Пелистер во Битола

РК Вардар направи голем исчекор кон титулата совладан е Е.Пелистер во Битола

Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Е.Пелистер со 27:22 во дербито на плејофот на македонското првенство.

До големата победа „црвено-црните“ дојдоа по извонредното второ полувреме кое го решија во своја корист со 16:10.

По оваа победа Вардар има огромни шест бода предност на врвот на табелата, додека Пелистер остана на 40 бода, исто колку што има и третопласираниот Охрид.

Најзаслужни за победата на гостите од Скопје беа голманот Валах со 11 одбрани, Малус со осум и Лазаревски со седум голови.

To top