Ракомет

РК Вардар го совлада Тулуз

РК Вардар го совлада Тулуз

Ракометарите на Вардар 1961 го победија Тулуз со 37-35 (16-18) и од првото место се пласираа во главната фаза на Европската лига на ЕХФ.

Средбата во СЦ „Јане Сандански“ понуди доста борба, тренерот на двократниот европски првак комбинираше со составот и Французите водеа на паузата. Сепак, вардарци се консолидираа во финишот и стигнаа до петтата победа во натпреварувањето.

Јака Малус беше прво име во победата на Вардар бидејќи блесна со девет реализации, а одличен беше и Дмитро Хориха кој даде осум. Голманот Васил Гогов беше „двоцифрен“ бидејќи забележа дванаесет интервенции.

To top