Ракомет

Вардар го совлада Бутел на дебито на Чупиќ

Вардар го совлада Бутел на дебито на Чупиќ

Ракометарите на Вардар 1961 славеа во пријателскиот натпревар против градскиот ривал Бутел со 33-21.

„Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога, па забележаа прв триумф под тренерска палка на Иван Чупиќ. Вардарци и покрај доста изменетиот состав го надиграа Бутел и стигнаа до висок триумф на пријателската средба.

Следните предизвици на вардарци ќе бидат настапот на турнирот во Охрид, а потоа на 3 септември следува Супер Купот.

Од друга страна, Бутел ќе настапи на Струшкиот турнир, а таму ќе се судри со Тиквеш и Раднички Крагуевац.

To top