Третиот најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња, Тимур Дибиров ќе остане во „сино-белиот“ дрес најмалку до летото 2025 година, додека повремениот хрватски репрезентативец Давор Чавар ќе ги брани боите на клубот до летото 2026 година.
Исто така нов договор потпиша и Јаков Гојун, кој ќе продолжи да ја носи капитенската лента најмалку до летото 2025 година.
„Гојун и Дибиров се двајца исклучително важни играчи за нашиот клуб. Можеби се малку постари, но тоа не се чувствува на теренот. Нивниот придонес за овој тим е огромен и ни е мило што ќе останат со нас и следната година, а можеби таа соработка ќе се продолжи уште повеќе. Секој сериозен тим мора да има искусни играчи кои се и подадена рака на тренерот на теренот“, вели спортскиот директор на Загреб, Дамир Бичаниќ.