Ракомет

Стефанов: Првиот Регионален турнир во Скопје е голема чест за Македонија

Стефанов: Првиот Регионален турнир во Скопје е голема чест за Македонија

Регионалниот ракометен турнир беше свечено отворен со говор на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.

Првиот човек на македонскиот ракомет им посака добредојде на сите учесници, многу среќа и успех на претстојните натпревари. Тој истакна дека е големо задоволство Македонија да биде дел од ваков значаен настан.

По него, свои обраќања имаа и министерот за спорт на Република Србија, г-дин Зоран Гајиќ, како и министерот за спорт на Македонија, г-дин Борко Ристовски, кои потенцираа дека е вистинско богатство што министерствата успеале заеднички да организираат еден ваков турнир и им посакаа на сите учесници успешни натпревари.

To top