Селекцијата на Шпанија претрпе пораз од Норвешка со што си ја искомплицира работата во битката за пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
„Фуријата“ во текот на второто полувреме имаше предност и од пет голови разлика, но на Норвешка и припадна финишот од натпреварот и дојде до првиот триумф во втората фаза.
Најефикасен на теренот беше Грондал од Норвешка со седум гола, додека за Шпанија Гарсиандија постигна шест гола.
Блиску до место во нокаут фазата се наоѓа и Исланд кој вечерва беше подобар од Египет со 27:24. Исланѓаните така го задржаа максималниот ефект и сега во последните две кола потребна им е една победа за четвртфинале, а играат против Хрватска и Аргентина.