Со дуелот меѓу Хрватска и Исланд стартуваат дуелите од групата 2 од главната фаза. Овој натпревар покрај борбата за бодовите носи и друга димензија бидејќи на клупата на Хрватска (прв странски селектор) се наоѓа Исланѓанецот Дагур Сигурдсон. Почетокот на дуелот е во 15:30 часот.
Во меѓусебен дуел по првите бодови во групата ќе „атакуваат“ Швајцарија и Унгарија. Натпреварот почнува во 18 часот.
Дербито на колото од оваа група што се игра во Малме ќе биде „пресметката“ меѓу репрезентациите на Шведска и Словенија. Двете репрезентации имаа во оваа фаза влегоа со два бода. Почетокот на натпреварот е во 20:30 часот.