Ракомет

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на Светското клупско ракометно првенство

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на Светското клупско ракометно првенство

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од претстојното Светско клупско ракометно првенство каде во комбинација влегуваат и најдобрите светски и македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Светското клупско првенство ќе се игра од 27 септември до 3 октомври, а ќе играат девет тима меѓу кои унгарскиот Веспрем, германскиот Магдебург и европскиот првак Барселона.

To top