Ракомет

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја представуваат Македонија на Олимписките Игри во Париз

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја представуваат Македонија на Олимписките Игри во Париз

Продолжувајќи го континуитетот на учество на големите турнири, најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе учествуваат на Летните Олимписки Игри во Париз информираат од Македонскиот Олимписки Комитет.

Зад  себе нашата судиска двојка има судено врвни натпреварувања од кои ќе ги споменеме последните:

Финале на Олимписките игри во Токио 2021, Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 година во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија и како круна, финалето во Лигата на шампионите оваа година.

Најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз. За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио.

Машкиот ракометен турнир во Париз го сочинуваат две групи. Во групата А се репрезентациите на Шпанија, Хрватска, Германија, Словенија, Шведска и Јапонија, а во групата Б се селекциите на Данска, Норвешка, Унгарија, Франција, Египет и Аргентина.

На женскиот ракометен турнир во Париз исто така има две групи каде во групата А се репрезентациите на Норвешка, Германија, Словенија, Шведска, Данска и Јужна Кореја, а во групата Б се селекциите на Унгарија, Холандија, Шпанија, Франција, Бразил и Ангола.

To top