Ракометната федерација на Македонија ги одреди судиските парови за завршницата на сезоната во Суперлигата.
Она што многумина ги интересира се судиите за дерби пресметките оваа седмица. В среда од 19:00 часот во салата „Автокоманда“ екипата на Алкалоид ќе биде домаќин на Е,Пелистер.
За овој натпревар делегирани се арбитрите кои делеа правда во финалето на Купот на Македонија, а тоа се Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Иако протоколот за избор на судии беше преку ждрепка, поради важноста на „вечното“ дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер в сабота, РФМ одлучи без влечење за овој натпревар да се делегираат нашите најдобри судии Ѓорѓи Николов и Славе Начевски. Дербито во Скопје се игра в сабота од 19:30 часот.