Ракомет

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат балканското дерби на ОИ

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат балканското дерби на ОИ

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) веќе ги делегираше официјалните лица за второто коло, па втор настап во Париз ќе имаат македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Најдобрата македонска судиска двојка ќе го судат балканскиот двобој меѓу Хрватска и Словенија. Во првото коло Хрватска минимално ја победи Јапонија, а Словенија загуби од Шпанија.

Да подсетиме Начевски и Николов во првото коло им судеа на Унгарија и Египет

To top