Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија првата задача веќе на првиот натпреварувачки ден од машкиот ракометен турнир во Париз. Утре од 11:00 часот во главниот град на Франција тие ќе го водат дуелот меѓу Унгарија и Египет.
Годинава Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го заокружија кругот на големи натпреварувања, откако го судеа финалето на Лигата на шампионите во Келн, меѓу Алборг и Барселона.
Покрај ракометните судии, Македонија на Летните Олимписки Игри ќе ја претставуваат и судиите Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).