Ракомет

Скандинавското дерби на ОИ ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Скандинавското дерби на ОИ ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе имаат нова задача на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во рамките на последното коло од машкиот ракометен турнир.

Нашите најдобри арбитри кои го имаат епитетот и на најдобри светски судии ќе бидат дел од мечот меѓу Данска и Норвешка.

Скандинавското дерби е битка за првото место во групата. Средбата меѓу Данска и Норвешка ќе се игра од 19:00 часот, а за Начевски и Николов ќе биде четврта задача на престижните Олимписки Игри во Париз.

 

To top