Ракомет ристовски најави

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, два клуба остануваат без лиценци

Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, два клуба остануваат без лиценци

Натпреварот Скопје – Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

-Ќе направиме итен состанок и со Ракометната федерација, да ваков тип на немили настани или грубо кршење на спортските правила и игри, еднаш засекогаш го ставиме под контрола, истакна Ристовски.

To top