Ракомет

Сигурни победи на Вардар и Алкалоид во Суперлигата

Сигурни победи на Вардар и Алкалоид во Суперлигата

Екипата на Вардар продолжува со максимален ефект во плејофот од Суперлигата, откако на гостински терен убедливо го совлада Тиквеш со 35-24.

„Црвено-црните“ уште од самиот старт покажаа дека се поквалитетен ривал, отворајќи со серија од 4-0.

До паузата веќе имаа сигурна предност од 17-11, а дилемите околу победникот ги решија на почетокот на второто полувреме со нова серија од 6-0. До крајот, домаќинот не успеа ниту да се доближи на едноцифрена разлика, па Вардар рутински ја приведе средбата кон крај. Со овој триумф, скопскиот тим ја задржува предноста пред конкурентите и сигурно чекори кон шампионската титула.

Во вториот натпревар од денешната програма Алкалоид славеше убедливо со 37-21, првото полувреме мина во израмнета игра и заврши со минимална предност за тимот на Кирил Лазаров (16-15).

Сепак, продолжението донесе целосен пресврт. Алкалоид одигра фантастично второ полувреме, отворајќи со неверојатна серија од 13-0 и дозволувајќи му на противникот да постигне само шест погодоци. Со тоа беше скршен отпорот на Бутел, кој останува на дното во плејоф конкуренцијата.

 

To top