Ракомет

Шундовски: Видов позитивна реакција во еден тежок момент за Е. Пелистер!

Шундовски: Видов позитивна реакција во еден тежок момент за Е. Пелистер!

Во првиот меч како в.д. тренер, Звонко Шундовски забележа огромна победа за E.Пелистер.

Тимот прв го порази големиот ривал Вардар 1961 оваа сезона (28-23) во меч во кој „зелените“ имаа целосна контрола и одлична игра, податоци кои го радуваат директорот кој е во улога на привремен предводник.

„Екипата се развиваше многу добро на овој дерби-меч, во првите 15 минути имавме седум промашени зицери, а резултатот беше тука. Квалитетот нивен и карактерот излезе на високо ниво. Многу сум задоволен како директор и како в.д тренер што видов позитивна реакција во еден тежок момент за клубот.

Одигравме многу агресивна и добра средба, едно дерби во кое дојдовме до важна победа. Честитки за сите“, изјави Шундовски.

To top