Ракомет

Шпанија со најдобрите ракометарки на мечот против Македонија

Шпанија со најдобрите ракометарки на мечот против Македонија

Женските репрезентации на Македонија и Шпанија се практично пласирани на следното Европско првенство откако во првите две кола забележаа високи победи над послабоирангираните ривали, но треба да го одиграат меѓусебниот двомеч кој ќе го даде победникот во групата и во последните две кола треба да ја заокружат целата квалификациска приказна.

Прославениот шпански тренер Мартин Амброс денеска го објави составот во кој повратник е натурализраната Александрина Барбоса, а во репрезентацијата по паузата поради повреда се враќа и Ембенге.

Натпреварите ќе се играат на 29. февруари во Скопје и на 3. март во Шпанија.

To top