Ракомет

Шпанија го преживеа трилерот со Египет и се пласира во полуфиналето на ОИ

Шпанија го преживеа трилерот со Египет и се пласира во полуфиналето на ОИ

Ракометната репрезентација на Шпанија ќе игра за медал на ЛОИ, затоа што успеа да слави над Египет по продолженија (25-25, 29-28) и така се пласира меѓу четирите најдобри на машкиот ракометен турнир на ЛОИ.

„Фараоните“ водеа цел натпревар, играа за историја, меѓутоа на патот кон неа застана Гонзало Перез де Варгас кој блескаше на голот и со 16 одбрани ја донесе победата на својата репрезентација.

Најдобар стрелец кај Шпанија беше Алеиш Гомеш Абељо со девет гола, пред Иан Серано со шест реализации, додека Аугустин Касадо Марсело погоди четири пати. Кај Египет, Јахја Елдера имаше осум, а Сеиф Елдера даде шест гола.

Шпанците во полуфиналето на олимпискиот турнир ќе играат со Германија и Франција.

To top