Ракомет сп ракомет

Шипиќ: Испивме 200 бруфени за да можеме да истрчаме на терен

Ракометарите на Хрватска ќе играат во полуфиналето на Светското првенство 2025, откако со голот на Шипиќ славеа против Унгарија со 31:30.

Шипиќ: Испивме 200 бруфени за да можеме да истрчаме на терен

Ракометарите на Хрватска ќе играат во полуфиналето на Светското првенство 2025, откако со голот на Шипиќ славеа против Унгарија со 31:30.

Херојот на натпреварот, искусниот Шипиќ, кој беше нерешлива енигма за Унгарците, ги сподели импресиите по обезбедениот пласман во ТОП 4.

,,Ова ми значи премногу. Испивме можеби 200 бруфени овие денови само за да можеме да истрчаме на терен…Мора да дадеш се од себе и знаев дека имам малку време и морам што побрзо да шутнам. Се потсетив кога Жељко Муса во 2020 година погоди за финале. Овој гол што го постигнав не значи дека имаме медал. Тоа што му овозможуваме на Дувњак да има повеќе натпревари на ова СП е голем мотив за сите нас. Мислам дека имаме шанси против било кој, одиме да се бориме за финале”, изјави Шипиќ.

Хрватска во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Египет и Франција.

To top