Најтрофејниот македонски ракометен тим Вардар 1961 го завршиот првиот дел од подготовките за новата сезона.
Избраниците на Владо Недановски финишираа во Маврово и се враќаат во Скопје каде ќе останат до стартот на турнирот во Струга.
„Црвено-црните“ покрај домашните обврски ќе бидат дел од групната фаза во Европската лига каде за противник ќе го имаат Порто, победникот од квалификцискиот меч меѓу Валур (Исланд) и Спачва Винковци (Хрватска), и победникот од Мелсунген (Германија и Елверум (Норвешка).