Ракомет

РК Вардар со шестта плеј-оф победа

РК Вардар со шестта плеј-оф победа

Ракометарите на Вардар дојдоа до заслужена и убедлива победа (30:37) на скопскиот дуел со Бутел, не дозволувајќи грешка во рамките на плејофот на машката супер лига.

Црвено-црните како гости на почетокот имаа негатива и од три гола, но издоминираа до крајот на првото полувреме кое го добија со 21:13.

До крајот на средбата рутински ја одржуваа високата предност и си ги обезбедија планираните бодови од овој натпревар во рамките на плејофот.

Хориха со седум голови го предводеше победничкиот тим, Субашевски со шест погодоци се истакна во редовите на Бутел.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Вардар стигна до шестата победа на седмиот натпревар во плејофот и има два бода повеќе од Еурофарм Пелистер, кој допрва ќе го одигра својот натпревар од ова коло.

To top