Ракомет

РК Вардар со нов полски играч од следната сезона

РК Вардар со нов полски играч од следната сезона

Македонскиот ракометен клуб Вардар потврди уште едно засилување за следната сезона, а се работи за полскиот интернационалец Виктор Јанковски.

За „црвено-црните“ ова значи квалитетно засилување на пикерската позиција каде 23-годишниот Јанковски ќе донесе дополнителна конкуренција, а ќе дојде од редовите на полскиот клуб Квиџин каде настапува сезонава.

Полскиот „двометраш“ претходно настапуваше и за Висла, а повремено настапува и за полската сениорска репрезентација.

– Неколку години тој е дел од сениорската репрезентација на Полска, се наоѓа на поширокиот список, а минатиот месец настапи и на дуелот со Полска во квалификациите за ЕП 2026. Претходно беше на располагање на полскиот селектор и за квалификациите од ЕП 2025 и СП 2025. Ги има минато и младинските репрезентации на Полска каде беше стандарден член.
Сезонава Јанковски има постигнато 63 гола, 15 асистенции и процент на реализација од 76 отсто на упатените удари. Сите голови ги постигнал од линијата на шест метри, стои во клупското соопштение, со кое Вардар го потврди Јанковски како нов играч од следната сезона.

Скопскиот суперлигаш претходно го потврди и доаѓањето на неговите сонародници, Милош Валах и Марек Марчинијак.

To top