За новата натпреварувачка сезона ракометниот клуб Вардар ќе пушти во продажба сезонски билети со кои ќе може да се гледаат сите натпревари на домашен терен во СЦ ” Јане Сандански” во Скопје.
Цените на сезонските билети се 3.600 денари за сите места, освен за секторите А2, А3, А5 и А6, кои ќе чинат 4.200 денари.
Сезонскиот билет ќе важи за:
– сите натпревари од грпната фаза на Лига Европа
– сите натпревари од главна фаза на Лига Европа
– сите натпревари од првенството на Македонија
– сите натпревари од Куп на Македонија (каде домаќин е Вардар)
Приоритетната продажба на билети ќе биде заклучно со 1 септември. Сите што лани имаат купено сезонски билети можат да ги задржат истите места. Потребно е на клупскиот e-mail [email protected] да го приложат ланскиот билет и да ја направат резервацијата. Од 2 септември ќе почне регуларната продажба на сезонските билети. Наскоро ќе бидат објавени детали како и каде ќе може да се изврпи купувањето на истите блети. Продажбата ќе трае до 20 септмеври. Пред секој натпревар ќе се продаваат поединечни билети за настапите во Лига Европа, и во домашното првенство, а за цените дополнително ќе има известување“, се вели во објавата на „црвено-црните“.