Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 промовира ново засилување за следната сезона. Во таборот на „црвено-црните“ следното лето доаѓа Марек Марчињак од Полска.
Станува збор за ракометар кој игра на позициите десен бек и десно крило. Марчињак доаѓа во Вардар од редовите на Азоти Пулави, а со скопскиот гигант потпиша двегодишна соработка до 2027 година.
Марчињак е полски репрезентативец, играше за националниот тим на последното Светско првенство.