Полскиот голман Милош Валах ќе биде нов член на РК Вардар од следната сезона, потврди денеска македонскиот ракометен клуб.
24-годишниот Валах доаѓа од редовите на Кјелце и „црвено-црните“ ќе платат обештетување за да сметаат на неговите услуги во новата сезона.
Голманот е второ полско засилување за Вардар, откако пред неколку дена беше потврдено ангажирањето на Марек Марцинијак. Валах се согласил на двегодишен договор со поранешниот европски шампион од Скопје.