Ракомет

РК Вардар на уникатен ја повика публиката за дерби мечот во среда

РК Вардар на уникатен ја повика публиката за дерби мечот во среда

Ракометарите на Вардар решија на уникатен начин да ја повикаат публиката да ги поддржи на „вечното дерби“. Тие се качија на трибина и со обележја од навивачката група „Комити“ испратија апел за полни трибини.

„Вардарци, во среда се гледаме во сала!

Два дена не делат од големото дерби во кое покрај борбата на теренот ќе биде потребна и голема поддршка од трибините!

Песната на верните Комити и илјадниците Вардарци кои во среда ќе го обојат храмот на ракометот во црвено-црна боја ќе бидат нашиот најголем сојузник и нашиот најголем мотив во борбата за нова победа!

Спремете ги шаловите и чувајте го гласот!
Во среда, црвено-црната нека доминира!“, стои во објавата.

Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в среда од 19:00 часот. Засега според сајтот на кој се продаваат, достапен е огромен број на слободни билети.

To top