Ракометарите на Вардар 1961 обезбедија лесен триумф над РК Е.Пелистер славеше со 34-24 (14-11) во натпреварот од 13. коло во македонската Суперлига.
Скопските „црвено-црни“ остануваат перфектни пред декемвриските гостувања во Охрид и Битола, кои ќе одредат која екипа ќе замине на водечката позиција на зимската пауза.
Битолчани се обидуваа подолго да останат во игра и даваа силен напор, но мотивираниот домаќин во средината на второто полувреме успеа да побегне на седум голови позитива и најави дека бодовите остануваат во Скопје.
Најдобар поединец кај „црвено-црните“ беше Марио Стојановски со учинок од шест гола од исто толку обиди, а на спротивната страна исто така шест погодоци впиша Бојан Гичев.