Ракомет

РК Вардар лесно против МРК Куманово

РК Вардар лесно против МРК Куманово

Лидерот во домашното ракометно првенство, екипата на Вардар го совлада Куманово со 30:20 во денешниот натпревар од првото пролетно коло.

На мечот во Скопје, избраниците на Иван Чупиќ дојдоа до убедлива победа, откако и во двете полувремиња покажаа стабилна игра.

Во првото полувреме „црвено-црните“ имаа предност од 13:6 со што потврдија дека нема да дозволат никакви изненадувања. Кумановци немаа сила за посилен отпор ниту во вториот дел.

Малус со 8 погодоци од исто толку обиди беше најефикасен кај Вардар, додека кај Куманово, Онцев постигна 10 гола.

To top