Ракометниот клуб Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар. Играчот „црвено-црниот“ дрес ќе го облече во Скопје веќе од следната сезона.
Љевар (24 години), е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Тој во Вардар доаѓа од словенечкиот клуб Слован, а имаше одлични настапи и успеа да постигне 44 голови.
– Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели, изјави за фејсбук страницата на РК Вардар Леон Љевар.
Ракометарот има настапи и за хрватската репрезентација, но поради ситна повреда го пропушти Европското првенство кое е во тек, иако беше на списокот на селекторот на Хрватска. (МИА)