Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално потврди дека ракометниот клуб Вардар во наредната сезона ќе има место во групната фаза од Европската лига.
Групите ќе бидат познати со ждрепка на 19. јули, три дена претходно ќе бидат познати двојките за квалификациите.
Покрај Вардар, уште четири екипи ќе ја претставуваат Македонија во Европа во новата сезона. Пелистер го чека нов настап во Лигата на шампионите, додека Алкалоид, Тиквеш и Охрид ќе играат во ЕХФ Купот.