Ракометарите на Вардар 1961 го добија клучниот меч во групата против Целје со 31-27 (16-11) и се пласираа во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Мечот понуди израмнето надигрување во првата третина, меѓутоа потоа вардарци се наметнаа, направија разлика и заслужено славеа.
Утрешниот финален натпревар против Алкалоид ќе се одигра со почеток во 20:00 часот, а претходно во борбата за третото место ќе се сретнат Олимпијакос и Целје.